Стокхолм/Охрид, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската оперска дива Миланка Новеска во чест на Денот на независноста на Република Македонија настапи во македонската амбасада во Шведска.
– Беше голема чест да се настапам во нашата амбасада во Стокхолм. Го прославивме 8-ми септември со амбасадорот, неговата сопруга и многу други убави луѓе, порача Новеска.
Од најрана возраст таа се занимава со пеење, а талентот го насочува кон класичната музика. По едукацијата во Република Македонија, магистерските студии и успешните настапи во Романија, таа се пресели во Стокхолм, Шведска, родната земја на сопругот. Стана стипендист на најпрестижната фондација S:t Johanneslogen S:t Erik основана од кралот Карл XIII во осумнаесеттиот век.
Во 2013 година ја доби Повелбата „Свети Климент Охридски“, што ја доделува нејзиниот роден град Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива