ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Со отворен ден за запознавање започнува со работа SmartyKids Охрид, Центар за ментална аритметика

Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите охриѓанчиња од денеска добиваат ново место каде ќе можат да се стекнат со нови и да подобрат некои од своите вештини и способности.

– Ние развиваме вештини кои ќе му бидат потребни на детето во иднина: владеење на емоциите и вниманието, креативно и аналитичко размислување, тимска работа, самодоверба, самостојност и лидерски способности, вели во интервју за Супер радио и OhridPress, Марија Јолеска, која стои зад проектот SmartyKids Охрид, Центар за ментална аритметика каде работат со деца на возраст од 4 до 12 години, развивајќи го нивниот фокусот, меморијата и вниманието, со абакусот како главна алатка.

Образовниот центар SmartyKids свечено се отвора денеска, сабота, 14-ти Септември 2024 година, во објект наспроти поранешниот маркет „Бозо“. Сите кои се заинтересирани може да ги контактираат на нивните профили на социјалните мрежи (FacebookInstagram или YouTube), на телефонскиот број 071/375-472 или на нивната веб-страна. Во моментов имаат курс по ментална аритметика за деца од 4 до 12 годишна возраст, а за во иднина најавуват организирање на курс за најмали дечиња од 3 години како и курс за брзо читање.

– Ги покануваме сите мали авантуристи кои сакаат да ги истражуваат своите бескрајни интелектуални способности да бидат дел од групите по ментална аритметика. Се гледаме во нашите простории, порачуваат од SmartyKids Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука