Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведени две лица поради тепачка на булеварот „Македонски Просветители“

Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти септември 2024 година, во 02:00 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведени се 32-годишно лице од Охрид и 18-годишник од селото Лешани, општина Дебрца.

– Претходно, тие го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука