Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19. степени

Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо време со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од среда се очекуваат наместа пообилни и поројни врнежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука