Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 1. април 2024 година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Oд 24-ти октомври 2023 година се започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Корисни информации:

Сообраќајни прописи во Република Македонија
Патарини во Република Македонија
Видео камери
Информации за патување во странство
Патарини во Европа
Цени на горива (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука