Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Имам убави Метео вести. Дали навистина ни следува „мини лето“ во првата половина од месец Октомври? – вели познатиот метеоролог Славчо Попоски.
– Многу повеќе сонце и топлина, температурите малку над просекот, односно тие би биле повисоки за 0.5 до 1 степен од просечните, вели Попоски.
По исклучително топлото лето со високи температури, следуваше врнежлив период, кој се’ уште трае. Метеоролозите за денеска во Охрид најавуваат променливо време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. Ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, проследени повремено со грмежи. До петок врнежите наместа ќе бидат пообилни и повремено поројни.
Слични најави со Попоски имаат и на AccuWeather од каде до крајот на септември најавуваат променливо облачно време, а стабилизирање доаѓа со почетокот на октомври. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес