ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МВР со апел до граѓаните ако имаат информација за изчезнатиот белгиски државјанин Марк Јорис да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112

Скопје/Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за 72-годишниот Марк Јорис, белгиски државјанин кој на 18-ти септември 2024 година од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.

– Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид-Струга (Вевчани)-Дебар-општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија, информираат од МВР.

Додаваат дека со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука