Избор Охрид

Охридските борци ќе одбележат 72 години од издавањето на Манифестот на НОВ во Црвена Вода

Охрид, 1. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца ќе организираат прослава во село Црвена Вода по повод 72 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.

Програмата започнува во 10:00 ч во село Црвена Вода.

Ќе има полагање на свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и посета на спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ.

Од 11:00 часот ќе биде свечено отворање на реконструираниот споменик на паднатите борци и на жртвите на фашизмот во НОБ во с.Белчишта и полагање свежо цвеќе. Потоа ќе следи говор на претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца Гоце Георгиески во салата на ОУ “Дебрца” од с. Белчишта.

Во рамките на културната програма ќе настапи хорот и ќе има рецитал на учениците од ОУ “Дебрца” од с.Белчишта, а ќе биде посетена и спомен собата на НОБ и ликовната колонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука