Избор Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридскиот боксер Наум Стојаноски ќе настапи на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг 2024“

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот боксер Наум Стојаноски, член на БК „Алексо Огненовски“ од Охрид ќе настапи на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг 2024“.

17-годишниот Наум ќе се натпреварува во сабота, на 4-ти мај во категоријата младинци до 71. килограми.

Станува збор за една од најпрестижните спортски манифестации во нашата земја, дел од календарот на ЕУБЦ, која оваа година ќе се одржи по 53. пат, од 3-ти до 7-ми мај 2024 година во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Од БФМ најавуваат учество на боксери од 20 земји. Четвртфиналните борби ќе се одржат во сабота, на 4-ти мај, полуфиналните во недела, на 5-ти мај, а финалните мечеви се во понеделник, на 6-ти мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука