Македонија

Конкурс за филмови снимени со мобилен телефон

Скопје, 12. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент и Издавачката куќа Феникс од Скопје распишуваат Конкурс за филмови на тема Скопје снимени со мобилен телефон.

Конкурсот е отворен до 7 ноември, а снимените филмови се доставуваат на ЦД-е или УСБ-е во Издавачката куќа Феникс на ул. Костурски херои бр.35, во непосредна близина на Универзална сала – Скопје.

Конкурсот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на возраста, а еден учесник може да конкурира со неограничен број свои филмови. Исто така, траењето на филкмовите не е ограничено.

Најдобрите филмови ќе бидат наградени и прикажани на претстојниот Филмски фестивал Скрипт фест, кој ќе се одржи од 10-12 ноември во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука