Избор Партии

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со музички настан го одбележа претстојниот 8-ми Март

Охрид, 6. март, 2016 (ОХРИДПРЕС) – Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид попладнево пред Центарот за култура „Григор Прличев“ го одбележаа претстојниот меѓународен ден на жената 8-ми Март.

За присутните беше организирана богата културно-уметничка програма на која настапија КУД „Ѓердан“ и познатиот естраден уметник Петар Нечоски.

Како што истакнаа од Унијата, целта е на скромен и достоинствен начин да се одбележи 8-ми Март и да им се честита празникот на жените. (Крај)

извор: Мета фото: Мета

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука