Економија Избор

Минатата година во Охрид биле бесправно изградени 45 објекти

Охрид, 10. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 2015 година, на територијата на Општина Охрид се регистрирани 45 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 2 објекти за домување, исто толку гаражи и времени објекти. Регистрирани се 10 доградби, надградби
и адаптации, 9 огради, потоа 5 бесправно изградени летни тераси и исто толку помошни објекти, 4 деловни објекти и едно бесправно изградено скалило.

Најголем број бесправно изградени објекти во Охрид биле во исклучиво станбена резиденција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука