Спорт

Андреј Шевченко нов селектор на Украина

Киев,16. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Андреј Шевченко е назначен за нов кормилар на фудбалската репрезентација на Украина.

Шевченко доаѓа на местото од Михаил Фоменко, кој поднесе оставка поради лошит резултати кои ги постигна со репрезентацијата на ЕУРО 2016.

Поранешниот украински репрезентативец професионалната кариера ја заврши по ЕУРО 2012 година. Во својата играчка кариера настапувал за Динамо Киев, Милан и Челзи, во 2004 година ја освои „Златната топка“, а во 2005 година „Златната копачка“.  (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука