Избор Охрид

Во Дојран презентации на документарци за заштитените зони на ОхридSOS

Охрид, 16. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Тим на граѓанската иницијатива ОхридSOS заедно со Eko-svest денес се дел од програмата на Д Фестивал во Дојран.

Од Охрид СОС ќе презентираат кратки документарни филмови за последиците од инфраструктурни објекти во заштитени зони, ќе го презентираат Смарт Охрид концептот за одржлив транспорт во Охрид и галерија од фотографии со еколошки катастрофи низ светот предизвикани од рудници како би ја информирале јавноста за катстрофата што го чека Огражден.

– Ќе имаме време и за дискусија. Ќе има и guest book каде ве каниме сите да си оставите коментари за планираните проекти и/или да ни кажете зошто го сакате Охридско Езеро, најавуваат од Охрид СОС. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука