Избор Култура

Проекција на „Планината на Гневот“ во Охрид

Охрид, 23. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе биде прикажан филмот „Планината на Гневот“ од 1968 година.

Режијата е на Љубиша Георгиевски, а играат: Ристо Шишков, Дарко Дамевски, Нада Гешовска, Петре Прличко и други.

Проекцијата започнува во 20:00 часот, а влезот за сите посетители е бесплатен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука