Избор Култура

Сочувство до настраданите и од добитничката на „Златниот венец“ за 2006 година на СВП, кубанската поетеса Ненси Морехон

Охрид, 11. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во овие тешки мигови со кои се соочуваме по природната непогода што ја зафати Република Македонија до Струшките вечери на поезијата пристигнаа изрази на длабоко сочувство од сите страни на светот. Меѓу тие кои ни испратија изрази на сочувство и поддршка во овие тешки мигови е добитничката на „Златниот венец“ во 2006 година, кубанската поетеса Ненси Морехон.

Таа во својата порака упатена до Струшки вечери на поезијата по повод трагичните настани вели:

– Драги пријатели, вчера, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје, од каде се‘ уште в срце носам спомени. За време на моите две посети, посебно во 2006 година кога ми беше доделен „Златниот венец“, таму оставив дел од моите најубави чувства. Би сакала да ви кажам дека најискрено сум многу загрижена за тамошната ситуација. За жал, во моментов ги немам имињата и адресите на моите пријатели кои никогаш нема да ги  заборавам. Преку вашата институција би сакала да ја споделам со поетската заедница во Македонија мојата грижа и грижата на многу други кубански поети, стои во дописот на Морехон. (Крај)

извор: СВП фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука