Забава

Џез концерт со македонски музичари во Јавна соба

Скопје, 26. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Регионалниот саем на Вардарски регион, во Јавна Соба вечерва ќе се одржи џез концерт.

Ќе настапат членовите на вендот Fierce. Бендот го сочинуваат: Горјан Стојменовски – гитара, Виктор Филиповски – тапани, Марко Василевски – контрабас, Борислав Веселинов – алто саксофон и Сенад Усеин – труба.

Влезот ќе биде слободен, а концертот е со почеток во 22:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука