Избор Охрид Празници

Литургија по повод празникот „Св. Маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“

Охрид, 28. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во петок, на 30-ти септември, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. (Едноцрквие)

Во недела, на 2-ри октомври, во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).

По завршувањето на литургијата ќе се одржи промоција на книгата „Св. Климент Охридски“ (хагиографија и химнографија). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука