Избор Охрид Партии

Блажески: Директорке, вашата партија е гробар на претшколското образование!

Охрид, 29. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни забелешки и недостатоци за образовниот процес во Општина Охрид од страна на опозицијата, започна денешната седница на Советот, на чиј дневен ред беа годишните извештаи за работата и материјално-финансиското работење на училиштата на територијата на општината.

Советникот Дејан Блажески седница побара од директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид да достави информации за финансиското работење на градинката до целата советничка група од СДСМ и даде ветување дека тоа ќе биде презентирано во јавноста.

– Признавате дека децата чувствувале миризба од фекалии. Продавате Ваш едукативен материјал. Тоа е во најмала рака морален судир на интереси. Жално е да зборуваме за тоа дали децата добиваат ужина и сок, наместо да зборуваме за вклучување нутриционисти и да дискутираме каков вид сок пијат. Жално е да се фалиме дека родителите донирале боички. Тие кои го полнат буџетот. Зарем тоа се проекти, зарем со тоа да се фалиме? Време е да признаеме дека сме како Уганда – сиромашна земја и сиромашна општина. Праксата покажа дека доколку сакаш да се разболи твоето дете, испрати го во градинка. Да не зборувам за несовесното постапување на персоналот. Партијата на власт, на која и’ припаѓате, е гробар на претшколското образование. Ова не е приватна сопственост, Директорке. Вие се однесувате како институциите да се Ваша приватна сопственост. Велам, оставете и’ го тоа на Фамилијата, застанете во ред, рече Блажески.

Повеќе од видеото.

извор: А1Он фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука