Забава Избор Охрид

Утре ќе се одржи фестивалот МАРС, Супер радио дел од манифестацијата

Охрид/Скопје, 20. ноември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Супер радио од самите почетоци на Македонскиот радиски фестивал – МАРС е дел од оваа манифестацијата.

И годинава Супер радио даде свој придонес во креирањето на финалната листа на најслушаните радиски мак хитови.

superradio

Годинешното издание МАРС 2016 ќе се одржи утре во Македонската Опера и Балет – Скопје. Ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани од 40-на радиостаници ширум Македонија кои и покрај сите потешкотии и забрани за емитување македонска музика од страна на ЗАМП, до организаторот ги испратија своите листи со највртени македонски хитови во тековната година (листи со песни емитувани до забраната).

Меѓу годинашнире учесници на МАРС 2016 се: Елена Миленковска, Тара, Лозано, Влатко Илиевски, Наташа Малинкова, Пепа Димитрова, Магдалена Цветковска-Ена, ДНК, Елена Ристеска…

Во ревијалниот дел на МАРС 2016 ќе се појават две еминентни музички имиња од регионот – српските поп ѕвезди Наташа Беквалац и Гоца Тржан, кои со своето присуство и изведбата на своите хитови ќе ја увеличаат програмата и го подигнат нивото и рејтингот на фестивалот.

Сите останати добитници на наградите ќе добијат плус парична награда од 12.000 денари.

Наградите од МАРС-Старс програмата ќе ги добијат уште неколку домашни имиња.

Првата е специјално признание „Трајни вредности“ за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика во Македонија, која Македонскиот Радиски фестивал МАРС 2016 ја доделува на македонската музичка легенда, Џина Папас Џокси. Втората од МАРС-Старс програмата, е наградата „Ѕвезда што се раѓа“ и неа ќе ја добие едно младо музичко име во Македонија кое имало најголем напредок во кариерата во тековната година – Елена Миленкоска. Тука се уште наградите „Фестивалски асови“ за најнаградувана фестивалска песна, наградата за најдобра поп песна со фолк или етно мотиви, партнерство за хит … и сл. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука