Економија Избор Охрид

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 %

Охрид, 14. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот јануари-ноември 2016 година превезени се рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија.

Од месец јануари заклучно со месец ноември 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 % поточно превезени се 1 661 010 патници.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари – јуни 2016 година, превезени се 136 025 патници, што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 96 585 патници, се бележи зголемување од 40,8 %.

Најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7%, Цирих 10,1%, Виена 6,3%, Базел 4,9%, Малме 4,8%, и Лондон 4,3%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука