Избор Охрид

Во петок и сабота ќе се запрашува против комарци

Охрид, 19. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за јавно здравје во Охрид информираат дека овој петок и сабота, 21-ви и 22-ри јули ќе се врши терестријално запрашување против комарци.

– Запрашувањето ќе се врши во периодот од 22:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено охридското крајбрежје на потегот од селото Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид и на потегот на реките Грашница и Коселска Река. Испраќаме апел до пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Оттаму наведуваат дека доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот поволен ден.

Запрашувањето се спроведува согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа против епидемиска мерка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука