Хроника

Холанѓанка од природна смрт починала во хотел во Охрид

Охрид, 6. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Седумдесет и две годишната В.С.Б.Т.М. од Амстердам, Холандија е пронајдена мртва во хотел во Охрид.

Случајот бил пријавен во полиција, на телото немало знаци на насилство, а според податоци на Супер радио жената починала од природна смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за смртта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука