Спорт

НБА: Продолжува маршот на Бостон, 13. победа по ред (видео)

Далас, 15. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бостон Селтикс забележаа нова победа овој пат на гостувањето кај Бруклин со 109:102, Торонто триумфираше кај Хјустон со 129:113, гостинска победа забележа и Сан Антонио кој го совлада Далас.

Бостон дојде и до 13. победа по ред, Ирвинг се врати на теренот со заштитна маска и беше најдобар во својот тим. Селтикс водеа во најголемиот дел од мечот, домаќините имаа предност само во втората и дел од третата четвртина, но контролата ја имаа гостите. На крајот славеа лесна и заслужена победа од 109:102.Кајри Ирвинг постигна 25 поени во составот на Бостон, кај Бруклин најефикасен беше Харис со 19 поени.

Торонто ја прекина победничката серија на Хјустон кој до синоќешниот меч имаше шест триумфа по ред. Рапторс славеа со 129:113.Харден имаше одлично издание, постигна 38 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот. Во победничкиот тим ДеРозен постигна 27 поени.

Вечерта на гостите ја заокружи Сан Антонио кој со 97:91 победи на гостувањето кај Далас. Алдриџ постигна 32 поени.

Резултати:

Бруклин – Бостон 102:109
Хјустон – Торонто 113:129
Далас – Сан Антонио 91:97. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука