Избор Охрид

Во Охрид денес облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 5. степени

Охрид, 20. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег, особено попладне.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови до засилен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука