Забава Избор

Грчкиот бенд Сакис Доволис Трио ќе гостуваат во Охрид

Охрид, 2. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Светски познат бенд, кој доаѓа од нашето соседство, Република Грција, Сакис Доволис Трио, ќе ја збогати викенд музичката програма.

Иако вообичаено во екот на летната сезона, во Охрид гостуваат странски бендови, сепак и во другиот период од годината, се организираат настани посветени на светската музичка сцена.
Сакис Доволис Трио е група од Грција, која оваа сабота, 4-ти април ќе настапи во Дак Кафе, Охрид. Сите љубители на блузот, ќе имаат можност да се препуштат на добрата забава и квалитетната музика, која ќе ја презентираат Сакис Доволис Трио. Нивниот настап во Охрид ќе биде по полноќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука