Спорт

Шампионот Голден Стејт му нуди нов побогат договор на тренерот Кер

Оукленд, 1. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Според изворот, Кер ќе стане еден од најплатените тренери во историјата на најсилната светска кошаркарска лига.

Со него како предводник, Голден Стејт стигна до три шампионски титули (2015, 2017 и 2018 година), а загуби во финалето пред две години.

Актуелниот тренер на „Вориорс“ во клубот дојде во 2014 година и потпиша петгодишен договор.Со резултатите кои ги постигна нашироко си ги отвори вратите за продолжување на соработката која е во најава.

Конкретни бројки не се соопштени, но се очекува наскоро да се објават и детали. (Крај)

извор: Локално фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука