Избор Охрид Празници

Во тек подготовки за чествување на празникот Свети Великомаченик Димитрија

Охрид, 9. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се подготовките по повод големиот верски празник Свети Великомаченик Димитрија – Митровден.

Црковниот одбор од црквата Свети Димитрија – Градски плоштад – Охрид, ги поканува верниците на заедничко чествување на денот на празникот, 8-ми ноември.

Традиционално верниците ќе се соберат кај црквата Свети Димитрија на Градскиот плоштад, а годинава организираното прославување е по десетти пат. Како што велат од Црковниот одбор, ќе биде приготвен црковен ручек, а чествувањето ќе биде збогатено со богата културно – уметничка програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука