Забава Избор

SUPER Fresh Music: Becky Hill – Outside Of Love

Охрид, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Миленичката на радио станиците и новата кралица на британската електронска музичка сцена, Becky Hill го претстави новиот сингл „Outside Of Love“, кој ја раскажува приказната за згаснувањето на една љубов.

Бурната енергија на EDM звукот на оваа песна е помешана со емотивен вокал и текст што ги илустрира чувствата на затворена тага и незадоволство во врската.

– Многу сум горда на овој сингл. Го напишав со моите долгогодишни соработници и се надевам дека луѓето ќе се поврзат со чувството на фрустрација и изолација во љубовта, изјави таа за новата песна со која го најавува и нејзиниот претстоен студиски албум „Believe Me Now“.

Пејачката до октомври ќе настапува на летните фестивали, а закажани се и концерти низ бројни градови во Англија.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука