Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде кокаин кај 38-годишен стружанец на улицата „Јабланица“

Струга, 25. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– Тој, на улицата „Јабланица“ во Струга, откако ги забележал полициските службеници кои преземале службени дејствија, исфрлил најлонска опаковка со опојна дрога кокаин, која е пронајдена и одземена, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука