Спорт

Меси, Нејмар и Роналдо во трка по „Златната топка“

Цирих, 1. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите Лионел Меси, Нејмар и Кристијано Роналдо се најдоа во најтесниот круг за престижната награда „Златна топка“.

Офанзивната двојка на Барселона и најдобриот играч на Реал Мадрид, на 11-ти јануари во Цирих, ќе се најдат на бината кога ќе биде прогласен најдобриот фудбалер во светот.

Меси е рекордер по бројот на освоени награди, има четири „Златни топки“ во својата колекција, Роналдо има една помалку, додека Бразилецот Нејмар прв пат е во конкуренција за оваа награда. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука