Охрид навечер

ДЈ Гоце С.А.Ф. со настап во Ликвид кафе

Охрид, 25. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Кафе барот Ликвид вечерва ќе биде во знакот на hip-hop, r’n’b и класик музиката преку настапот на скопскиот дј Гоце С.А.Ф.

Со почеток во 22:00 часот, ќе биде забавата на која посетителите ќе уживаат во изборот на музиката на еден од најдобрите македонски hip-hop дј-и. А во неговите сетови се среќава исто така и квалитетна македонска евергрин музика, но и класик теми, кои дј Гоце С.А.Ф. ги пушта во негов специјално изготвен аранжман.

Тој е член на групата “САФ”, кои се појавија на македонската музичка сцена во 1993 година и своевремено беа едни од пионерите на македонската хип-хоп сцена. Гоце од “САФ” работи во Македонија како ди-џеј и продуцент, најчесто за странски артисти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Ликвид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука