Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Б92: Пролетта е идеално време за посета на сите знаменитости на Охрид

Охрид, 26. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сместен на брегот на истоименото езеро, Охрид е еден од најстарите градови во Европа. Се смета за бисер на Република Македонија, а од 1980 година е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Вака популарниот интернет портал Б92 во Србија, го опишува преубавиот Охрид, во синоќешниот напис, кој ги промовира неговите убавини, а се осврнува и на понудата за туристите, и секако на цените.

– Последниве години, овој шармантен град, кој се споменува во античко време, исто така стана популарна дестинација за одмор благодарение на зголемениот број на добро уредени плажи кои речиси не се разликуваат од морето. Сепак, пролетта е идеално време за посета на сите знаменитости на овој град, бидејќи некои од нив имаат искачувања кои тешко се искачуваат на високите летни температури. Цената на апартман во Охрид за две лица за едно ноќевање е околу 2.500 динари, додека ноќевањата во хостели може да се добијат и за 1.500 динари, пишува Б92.

Посетителите од Србија се помеѓу најбројните кои уживаат во градот под Самуиловата тврдина. Според официјалните податоци, тие се најбројни, веднаш по гостите од Турција.

За бројноста секако придонесуваат и летовите на авиокомпанијата Ер Србија на релација Белград-Охрид-Белград. Оваа релација е дополнителна удобност за патниците да избегнат долги патувања со возило. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука