Економија Избор Охрид

Со дисперзирање на настани во текот на цела година сместувачките капацитетите во Охрид може да се полни и вон сезона

Охрид, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со музичките и забавните содржини што Охрид ги понуди за дочекот на Новата година, но и периодот пред и потоа видовме дека е можно сместувачките капацитетите да се полни и вон сезона.

Ова беше потенцирано на отворањето на дводневниот тренинг „Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”, наменет за сопствениците на приватното смествување во Охрид, а во рамки на ИМЕ програмата во организација на ЕСА Охрид.

– ИМЕ програмата веќе четврта година е во Охрид со една група за управување со дестинација која што работи на повеќе теми. Освен на продажба и закуп на соби, помага и во хотелскиот менаџмент, во угостителството, многу активно работиме со туристички агенции кои ги нудат капацитетите надвор, меѓутоа ова беше една празнина што сакавме да ја обработиме со надополнување на капацитетите во однос на revenew менаџмент, односно зголемување на приходот од продажбата. Она што е специфично во поглед на продажба или изнајмување на хотелски соби или приватно сместување е тоа што една соба има различна цена во различен период во годината и за различни туристи. Впрочем така се работи во туризмот, истакна Елена Иванова, туризам сектор менаџер во ИМЕ програма на Swisscontact.

elenaivanovaКако што рече Иванова, со јасна визија која целна група сакаме да ја привлечеме, тогаш може да се направи и добар аранжман и добри цени. Не постои incoming агенција која ја нуди Македонија како дестинација, а да не го вклучила Охрид. Прашањето е дали ние добро го менаџираме тоа што сакаме да го понудиме во Охрид, дали се ќе се случува само во два или во текот на сите 12 месеци, подвлече Иванова.

Познатиот претприемач со MBA диплома во авијација, IATA обучувач во програмите за туристичката индустрија, со 22 годишно работно искуство во Германија и Косово, Албион Идризи, потенцира дека е запознаен со туристичките активности во Охрид и треба да се вложува во туризмот особено во новиот концепт на споделена економија.

albionidrizi– Треба да ги собереме на едно место, околу една база различните засегнати страни во туризмот, како агенциите за развој, туристичките агенции, како и понудувачите на приватно сместување. Туризмот е динамична стопанска гранка и од неодамна претрпува големи промени. Туристичките потреби постојано се менуваат и се повеќе откриваме дека постои потреба за авантуристички туризам. Сепак за да добијат информација и познавања во однос на овие туристички активности потребна е работа и развој на туризмот, рече Идризи.

treningstanoizdavaciТој подвлече дека изворот за продолжување на туристичката сезона лежи во големиот број непополнети сместувачки капацитети од една страна и пристапноста на Охрид по копнен и воздушен пат од друга страна. Идризи изрази надеж дека наскоро ќе биде завршен и автопатот Охрид – Кичево, како фактор плус за поврзаност и продолжување на туристичката сезона.

На работилницата учествуваат 15 сопственици на приватно сместување од Охрид. Темите на тренингот треба да овозможат подобро користење  на продажните и дистрибутивните канали со цел да се зголеми продажбата на сместувачките капацитети преку целата година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука