Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

OhridPress на лице место: До каде е изградбата на автопатот Охрид-Кичево на два месеци до најавениот завршеток на работите (Фото/Видео)

Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На точно два месеци до најавениот завршеток на работите на автопатот Охрид-Кичево, екипа на OhridPress денеска го помина овој патен правец и преку фотографии и видео Ви доловува точно до каде се градежните работи.

Денеска е 1. ноември, и остануваат помалку од два месеци до крајот на годината, односно до најавениот термин за завршување на работите.

Автопатската делница Кичево-Охрид е дел од Коридорот 8 во должина од 57 километри и инвестиција од 598 милиони евра, односно далеку над првично предвидените 374 милиони евра.

Работите за изградбата на овој автопат започнаа во февруари 2014 година, по што рокот беше поместен за 2018 година, односно подоцна за  јуни 2021 година. Според последните најави, градежните работи треба да завршат до крајот на 2023 година. Министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благоја Бочварски своевремено изјави дека планира за овој мандат, до 2024 година да се вози по автопатот Кичево-Охрид.

Изградбата на автопатот Кичево Охрид трае скоро полна деценија и останува една од топ темите во охридската јавност, пред се’ поради фактот што во текот на изминатите десетина години, колку што се работи на делницата, лошите услови за возење на патот предизвикаа неброени сообраќајни незгоди во кои загинаа многу луѓе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука