Избор Свет

Ирските пабови пред банкрот, ќе бидат затворени најмалку до август

Даблин, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Пабовите во Ирска ќе бидат затворени најмалку до август поради пандемијата со ковид-19, поради што на многу од нив им се заканува банкрот, а околу 50.000 лица ќе останат без работа.

Околу 7.200 пабови се затворени 2,5 месеци, огромни количества пиво се складирани, а нема кој да го купи.

Сопствениците на пабовите секоја година набавуваат илјадници буриња пиво за традиционалниот ирски празник Денот на Свети Патрик, што се слави на 17 март.

Од пабовите во Ирска во државната каса се слеваат 2,4 милијарди годишно.

Во Велика Британија пропаднале 40 милиони литри пиво, а на пиварницата Гинис поради здравствената криза ѝ пропаднале околу 245.000 буриња пиво. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука