Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Левица: Охриѓани останаа без функционален томограф, бараме одговорност и сериозно инвестирање во здравството

Охрид, 20. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Додека на глобално ниво технологијата и модерната наука нудат несразмерен развој во медицината, охриѓани и жителите на останатите соседни градови, останаа без функционален томограф поради прегорување на рентгентската цевка, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Пациентите кои мора да се снимаат на компјутерска томографија, за да добијат прецизна медицинска дијагностика со прикажување на тродимензионална слика, се препраќаат на приватни клиники, каде што треба да платат по цена за која треба да одвојат една третина од просечната работничка плата. Дали Општина Охрид има план да елиминира некој од небитните тендери и да ги ограничи гламурозните гозби на платформите во елитните ресторани, а буџетот да го пренаменат за нова рентгенска цевка за томографот во ЈЗУ Општа болницата во Охрид? Секој граѓанин плаќа здравствено осигурување или ако е невработен го следува осигурување од ФЗО (Фонд за здравствено осигурување), државата е должна да обезбеди здравствена заштита за секој подеднакво. Зарем проучувањето и лекувањето на карцином има помала важност од луксузот на олигархијата? Постојат повеќе видови на КТ-скенирања кои се поделени по органи и системи, кои се брзи, безбедни и безболни мотеди и граѓаните мора да имаат пристап до целата дијагностичка и интервентна радиологија во текот на целиот живот, потенцираат од Локалниот огранок на Левица од Охрид од каде бараат одговорност и сериозно инвестирање во здравството, со цел да се овозможат услови во кои нашиот медицински кадар би можел професионално да ја врши својата работа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Левица

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука