Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за лица од Охрид и Боговиње поради работа на угостителски објект после работното време и нарушување на безбедносните протоколи

Охрид, 27. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Д.Т. од Охрид, 42-годишниот Х.А. од тетовското село Боговиње и против правно лице со седиште на улицата „Железничка“ во Охрид.

– На 16-ти јануари 2021 година, прво и второ пријавените, во својство на управители и сопственици на правното лице, дозволиле работа на објектот после 18:00 часот, ангажирале 11 странски државјанки-танчерки и дозволиле присуство на 23 други лица. Со тоа, постапиле спротивно на одлуките, одредбите, безбедносните протоколи и превентивните препораки за заштита на населението од заразната болест COVID-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука