ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Прентоски: Мора да се води грижа за квалитетот на кадрите кои се вработуваат во противпожарната единица

Охрид, 20. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во иднина мора да се води грижа за квалитативниот дел при вработување кадри во територијалната противпожарна единица. Има пожарникари и вработени во пожарна, а токму пожарникарите ја сносат целокупната одговорност, потенцира командирот на охридската противпожарна единица, Спасе Прентоски.

Во оваа служба треба да работат храбри, психофизички здрави лица во секој поглед за да можат прво себеси да пружат помош во дадена ситуација, а потоа и некому да помогнат, додава Прентоски во изјава за Супер радио и OhridPress.

– Со поранешниот систем се вработуваа пожарникари обучени со најмалку 6 месечен курс за пожарникари, а сега има случај да се вработат во противпожарна единица со потврда земена од работнички универзитет. Одговорност е да бидеш пожарникар и да се согледа кој од тие што се примени се вистински пожарникари, прво со возраста па и со оние потребни способности и психофизичкиот аспект. Мислам дека ова ќе се согледа во иднина, само ефикасноста и способноста да бидат на повисоко квалитативно ниво, ако тоа не се постигне оваа служба ќе има тешки последици, а тоа ќе биде и на штета на граѓаните, вели Прентоски.

Согласно систематизација бројот на вработени во единицата е во рамки на потребите според закон и според големината на подрачјето Охрид и Дебрца, на секои 1.500 жители по еден пожарникар. ТППЕ треба да има околу 41 пожарникар, а моментално има 38, од кои неколку исполнуваат услови за пензионирање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука