Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна со работа центарот „Една точка за услуги“

Охрид, 20. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и официјално во Охрид започна со работа центарот „Една точка за услуги“.

Сместен во стариот влез на зградата на општина Охрид и истиот ќе овозможи на едно место да се добијат повеќе услуги, со што значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните при обезбедување на информации и документи.-

Во име на граѓаните на општина Охрид упатувам благодарност до Министерството за информатичко општество и администрација за отварањето на овој центар, кој ќе придонесе за подобрување на ефикасноста на државните служби, поедноставување на процедурите за издавање на документи и зголемување на бројот на е-услуги. Со овој центар, услугите ги правиме подостапни за граѓаните, ги дигитализираме и ги поедноставуваме постапките, изјави градоначалникот Георгиески, кој го посети центарот заедно со Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Тој истакна дека со формирање на Агенцијата за дигитализација и фузирање на општинските услуги, во иднина ќе се зголемат услугите на овој центар, кои се под ингеренција на локалната самоуправа.

Министерот Шаќири рече дека целта на центарот е да ги обедини сите државни институции во Република Македонија и да го поедностави пристапот на граѓаните до институциите.

Граѓаните во центарот за услуги ќе може да добијат околу 65 целосно дигитални услуги, за 62 услуги, центарот ќе воспостави дигитални комуникации со другите институции, а 800 услуги ќе бидат сервисни информации. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука