Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Од 1-ви декември во употреба само биоразградливи ќеси што ќе се наплаќаат по 15 денари

Скопје, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција наведе дека од 1-ви декември пластични кеси ќе се користат само во продавниците за малопродажба, но и дека тие ќе мора да бидат биоразградливи, откако Собранието ги донесе четирите закони за управување со отпад

– Целосно се забранува пуштањето на пазар на пластични кеси, а крајните потрошувачи ќе може да купат само биоразградливи кои се произведени согласно пропишани стандарди, рече Заев.

Нема достапен опис

Министерот за животна средина Насер Нуредини додаде дека тие кесите не смеат да бидат екстра-лесни и ќе треба да се плаќа надоместок од 15 денари, а парите ќе одат во посебен фонд за животна средина. Од 1-ви декември угостителските објекти нема да имаат право да продаваат храна во пластични еднократни пакувања во заштитените природни подрачја.

– Идејата на оваа мерка е граѓаните пред се да користат сопствени торби за повеќекратна употреба за пазарување. Секојдневното користење на пластика создава секојдневно големи количини кои не се разградуваат, истакна Нуредини.

Нуредини: Планот за заштита на Преспанското Eзеро е готов, Владата треба да го одобри

Не само во Европа, туку и во Македонија постои забрана за употреба на пластичните кеси уште од 2012 година, но истата не се применува бидејќи непосредно по донесувањето на забраната беше донесен правилник за стандарди за биоразградливост, со кој пак се поништува напишаното во Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Меѓу бројните промени, од 1 декември 2021 година пластичните кеси кои граѓаните ги купуваат по продавници ќе чинат 15 денари по парче, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични ќеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

На денешната прес-конференција, беше кажно дека детално ќе бидат пропишани транспортот, собирањето и рециклирањето на отпадот, неговиот третман и искористување со што ќе се овозможи ефикасен регионален систем за управување со отпад и ќе се исполнат барањето на европската зелена агенда

– Ќе обезбедиме соодветна услуга за секој граѓанин со можност за селекција, повторна употреба и поправка на отпадните производи, со имплементација на оваа легислатива и намалување на количините на депониран отпад, со што ќе следува справување со илегалното и нестандардизирано одложување кое создава диви депонии, додаде Заев во најавата за изградба на стандардизирани депонии. (Крај)
извор: Фактор фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука