Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Прекината соработката со Бочески, нов шеф на стручен штаб во ГФК Охрид Лихнидос е Пепи Џигероски

Охрид, 4. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради лошите резултати на почетокот на сезоната, ГФК Охрид Лихнидос спогодбено ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Драган Бочески.

Бочески на почетокот на минатата година се врати на тренерската позиција во клубот, откако претходно се повлече од оваа позиција, по само четири одиграни кола во сезоната 2019/2020 година. Кон средината на декември 2019 година на негово место дојде поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески, но во преговорите со управата на клубот не беше изнајден заеднички јазик, па соработката не продолжи.

Во иднина охридските фудбалери ќе ги предводи Пепи Џигероски. По шест одиграни кола, „рибарите“ имаат само една победа и се последни, десетти на табелата со три бода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука