Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради асфалтирање, утре ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“

Охрид, 20. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведување на градежни работи – асфалтирање, утре, четврток, 21-ви октомври 2021 година, од 05:00 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Општа болница.

– Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги отстранат сите возила од оваа улица и воедно во текот на утрешниот ден да го избегнуваат за сообраќај овој потег од градот, апелираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука