Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид ја стави на јавен увид стратегијата за млади

Охрид, 9. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 15-ти декември општина Охрид ја стави на јавен увид изработената стратегија за млади со цел засегнатите чинители да можат да дадат свои предлози, идеи, забелешки и видувања на истата.

– Младите се носители на позитивните промени, како на државно ниво, така и во локалната самоуправа. Тие се ресурс за иновации и идна движечка сила на социјалниот и економскиот развој. Имајќи ги предвид општествените состојби на локално, но и на национално ниво во поглед на потребите, ставовите, но и предизвиците пред кои се исправени младите како неопходност се наметна потребата од изработка на Локална младинска стратегија. За таа цел општина Охрид спроведе тендерска постапка и за свој партнер во изработката на овој документ ја избра консултантската компанија „Таргет комуникации“ од Скопје. Стратегијата за млади ги поставува основните принципи и насоки за дејствување на сите чинители во општеството кои во крајна линија ќе доведат до остварување на потребите, правата, но и интересите на младите луѓе. Содржината на Локалната стратегија за млади ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во Општина Охрид и долгорочните цели презентирани низ тематските области. Документот се однесува на период од следните пет години, информираат од општина Охрид.

По завршувањето на јавната презентација, Стратегијата за млади на општина Охрид ќе биде доставена на усвојување од страна на Советот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука