Охрид, 6. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид денеска спроведоа нова ЕКО акција, овој пат за расчистување на плажата кај поранешната Детска болница во Охрид.
– Веруваме во Охрид, веруваме дека нашиот дом, нашето езеро нашите извори на живот без кој не можиме да опстоиме ќе бидат бисер како што и навистина заслужува да биде раритетниот наш Охрид и Охридско Езеро. И денес му објавивме војна на ѓубрето и несовесноста. Од старата руина односно Специјалистичка ординација по радиодијагностика со компјутеризирана томографија теренот до хотел „Гранит“ беше битката каде што издвојувавме победа со ѓубрето, порачаа од „Енхелеус Лихнид“.
Од Здружението испратија голема благодарност за сите активисти кои учествуваа, Чист Охрид и Еко Туризам 2016. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Енхелеус Лихнид