Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓани ги бодрат нашите најдобри фудбалери во Порто (Фото)

Порто/Охрид, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините, кои се веќе пристигнати во португалскиот град. Таму веќе владее вистинска навивачка еуфорија, а меѓу најгласните се и охриѓаните кои на лице место ќе ја дадат поддршката за нашите најдобри фудбалери.

May be an image of 8 people, people playing musical instruments, people standing and outdoors

Македонските навивачи играат и пеат македонски песни, а шалови, дресови и знамиња веќе насекаде низ Порто се веат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: DW

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука