Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ ги санираат штетите од вчерашното невреме

Охрид, 1. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашното невреме кое беше проследено со силен ветер, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен на повеќе локации во градот со цел да се санира состојбата.

– Се подигнуваат оштетени стебла, скршени гранки, се расчистува кејот и крајбрежниот појас од наносите од разновиден отпад, информираат од Општина Охрид.

Силниот ветер кој вчера го зафати поширокиот регион на Охрид предизвика повеќе проблеми во градот. На улицата „Галичица“ го откорна лимот од кровната контрукција на зграда. Во моментот кога кровот паднал долу немало минувачи. Оштетен е само еден паркиран автомобил.

Силниот ветер откорна кров од зграда на улицаta „Галичица“ (Фото)

На улица „Ристо Чадо“, од силниот ветер падна бандера, по што извесно време беше оневозможено нормалното одвивање на сообраќајот. На неколку места во градот од силината на ветерот откорнати се и неколку дрвја. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука