Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Реализиран проектот „A Lonely Planet or Digitally Connected“

Охрид, 1. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОСУ „Св. Климент Охридски“, заедно со КГС „Апелдорн“ од Холандија и „Билингвал“ од Унгарија преку онлајн работилница го реализираа Еразмус+ проектот „A Lonely Planet or Digitally Connected“.

Проектот се реализираше во три етапи во 2021/2022 година, а носители на истиот се професорките Даниела Спироска, Вера Јовческа и Светлана Огненова. Преку истиот, опремени се две училници со 70 Chromebook Samsung уреди што ќе послужат за успешна реализација на часовите како дел од дигиталната модернизација на наставата.

Проектот е финансиски поддржан од Општина Охрид која обезбеди финансиска поддршка, односно учествува со 30% од вкупната сума при набавката на овие Chromebook Samsung уреди.

– Проектот започна со првата онлајн работилиница во периодот од 10-ти до 27-ми мај 2021 година, каде домаќин беше КГС „Апелдорн“ од Холандија. Работилниците се изведуваа преку online платформата Zoom. Во овој проект беа вклучени 37 ученици од прва година. Преку онлајн предавања и работилници, учениците се здобија со знаења за работа во one note, изработка на презентација, видео поткаст како и дизајнирање веб-страна. Исто така учениците имаа и онлајн средби преку кои се запознаваа меѓу себе, споделуваа дел од својата култура, традиција, храна и обичаи. Од 4-ти до 8-ми октомври 2021 година се одржа вториот дел од овој проект. Организатор беше училиштето Билингвал од Унгарија. Во овој проект учество зедоа 39 ученика од прва и втора година. Тема на работилниците беше: „Building your own video game“ . Учениците преку онлајн работилници се здобија со знаење од областа кодирање и со користење на Scratch, Pixlr алатките, Soundtrap, ZapSplat креираа видео игри. Избрани беа победнички тимови во неколку категории: најдобар тим, најдобра аудио продукција, најдобар креативен дизајн и најдобра игра. Во третиот и финален дел од проектот домаќин ќе биде ОСУ „Св. Климент Охридски“. Работилниците ќе се одржат од 4-ти до 8-ми април 2022 година. Во проектот учествуваат 35 ученика од прва година. Темата на оваа работилница е „Using Graphic Design in the Classroom“ што ќе им овозможи на учениците да се здобијат со знаења за алатки за графика што ќе им помогне при изработка на постери и билборди, информираат од Општина Охрид.

Додаваат дека реализацијата на овој проект ќе им овозможи на учениците да разменат искуства со другите ученици од Холандија и Унгарија за можностите што ги нудат интернетот и дигиталните алатки при изработката на веб-страни, видео игри и билборди и со тоа се потенцираа предностите од дигиталното поврзување во услови на работење преку онлајн платформите. Соработката со КСГ училиштето од Холандија и гимназијата трае веќе подолго време, а реализирани се неколку проекти и размени.

– Што се однесува до Еразмус + проектите кои се реализираат во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, тие се одлична можност за збогатување на знаењата и на учениците и професорите, проширување на видиците и збогатување на капацитетите на училиштата. Претходно со финансии од проекти под координација на истиот тим професорки е опремена просторија во гимназијата, а и набавката на овие уреди несомнено ќе придонесе за подобрување на наставниот процес во училиштето, потенцираат од охридската локална самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука