Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли во Охрид, санкционирани три лица

Охрид, 3. мај 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри мај 2022 година, во периодот од 14:00 до 19:00 часот во Охрид извршени се сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли.

– Притоа, поради сторени прекршоци, санкционирани се три возачи на мотоцикли, од кои еден е исклучен од сообраќај поради управување без возачка дозвола. Сообраќајните контроли кон возачите на мотовикли ќе бидат интензивирани со цел доследно придржување до законската одредба за поседување на соодветни собраќајни документи, носење заштитна опрема и другите законски одредби за безбедност во сообраќајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука