Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Утревечер Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Охрид, 28. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи четвртиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“.

– Репертоарот што ќе го изведиме ќе ја промовира нашата и светската хорска традиција, различни јазици и култури. Премиерно ќе изведеме современа композиција со фолклорни елементи од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, влашка песна заедно со детскиот мултиетнички хор, турска народна песна, стара андалузиска песна. Премиерна изведба на обработка на композиција од Тоше Проески ќе има и охридскиот саксофонист Горан Папаз со вокална придружба на хорот, вели за Супер радио и OhridPress диригентот на „Вокс Лихнидос“, Бурим Хидри.

Нема достапен опис

Покрај домаќините, ќе имаме чест и задоволство во Охрид да гостуваат детскиот хор при естонската опера – диригент Хирво Сурва, членовите на мешаниот хор КУД „Светозар Марковиќ“ од Нови Сад – диригент Сузана Лазар, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда од Србија – диригент Билјана Јеремиќ, детскиот хор „Св.Кирил и Методиј“ од Велес, диригент Веселинка Маџарова и најнаградуваниот македонски хор младинскиот женски хор при МКЦ од Скопје – диригент Сашо Татарчевски.

Нема опис за фотографијата.

Почетокот на фестивалот е во 20:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Охридскиот хор „Вокс Лихнидос“ изминативе две години успешно се прилагоди и на пандемиските услови, а не изостанаа и учествата на фестивали и освоени награди.

Охрискиот градски хор во 2020 година одбележа 55 години од постоењето, од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е успешно предводен од диригентот Бурим Хидри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука